Зошто 11 Октомври?

Добредојдовте! Ви посакуваме срдечно добредојде во нашата ординација по општа стоматологија ПЗУ "11 Октомври", каде нашиот искусен, љубезен и врвно професионален тим ќе Ве прими и ќе ги згрижи сите Ваши проблеми од областа на оралното здравје. Ние лекуваме пациенти од сите возрасти и ќе Ви го понудиме најдоброто решение за забоздравствените проблеми Вам и на членовите на Вашето семејство, со примена на најсовремени методи, опрема и технологија.

Забите се дел од нашето тело!

Забите се дел од системот за варење и тие први доаѓаат во контакт со храната. Улогата на забите, заедно со јазикот е да ја иситнат и издробат храната, за да таа во кашеста форма се голтне и оди на понатамошна обработка во желудникот и цревата.
Ако забите не се здрави и ако постојат било какви проблеми во смисла на болка,штрбавост, нишање на забите и сл., храната не се изџвакува доволно добро и така неиситнета таа оди во желудникот. Како последица на тоа настануваат многу заболувања на органите за варење кои можат да бидат многу сериозни.
Освен функционална, забите имаат и естетска улога. Сите знаеме колку е важна убавата насмевка и колку таа придонесува за самодовербата на една личност. Нарушената естетика на забалото може да доведе до сериозни психолошки проблеми и искомплексираност, особено кај децата и адолесцентите чија психа е сеуште кревка.
Затоа треба да се води особена грижа за здравјето на забите, да се делува превентивно во нивна нега и заштита, а ако настане нивно оштетување, навремено да се делува со нивна санација. Не треба да се дозволи да настапат посериозни ошетувања кои се проследени со неспиење,болки, отоци па дури и покачена телесна температура и други последици по општото здравје. Луѓето отсекогаш полагале особено внимание на убавината на забите и насмевката.