Добредојдовте!
Ви посакуваме срдечно добредојде во нашата
ординација по општа стоматологија ПЗУ "11 Октомври", каде нашиот искусен, љубезен и врвно професионален тим
ќе Ве прими и ќе ги згрижи сите Ваши проблеми од областа на оралното здравје.
Ние лекуваме пациенти од сите возрасти и ќе Ви го понудиме најдоброто решение за забоздравствените проблеми
Вам и на членовите на Вашето семејство, со примена на најсовремени методи, опрема и технологија.
Забите се дел од системот за варење и тие први доаѓаат во контакт со храната.
Улогата на забите, заедно со јазикот, е да ја иситнат и издробат храната,
за да таа во кашеста форма се голтне и оди на понатамошна обработка во
желудникот и цревата.
Ако забите не се здрави и ако постојат било какви проблеми во смисла на болка, штрбавост, нишање на забите и слично,
храната не се изџвакува доволно добро и така неиситнета оди во желудникот. Како последица на тоа настануваат многу заболувања
на органите за варење кои можат да бидат многу сериозни.
Освен функционална, забите имаат и естетска улога. Сите знаеме колку е важна убавата насмевка и колку таа придонесува за
самодовербата на една личност. Нарушената естетика на забалото може да доведе до сериозни психолошки проблеми и искомплексираност,
особено кај децата и адолесцентите, чија психа е сѐ уште кревка.
Затоа треба да се води особена грижа за здравјето на забите, да се делува превентивно во нивна нега и заштита, а ако
настане нивно оштетување, навремено да се делува со нивна санација. Не треба да се дозволи да настапат посериозни ошетувања
кои се проследени со неспиење, болки, отоци, па дури и покачена телесна температура и други последици по општото здравје.