Ординацијата ПЗУ 11 Октомври е основана во 2005 год. по донесување на законот за приватизација на стоматолошката дејност во Р.Македонија,
како продолжување на истоимената ординација која постоеше во рамките на Здравствен Дом-Скопје. По комплетно реновирање и техничко опремување
со најнова стоматолошка опрема, ординацијата продолжи со дејноста на услуги од примарна стоматолошка здравствена заштита.
Нашата ординација нуди услуги во рамките на општа стоматологија за возрасни и деца, со примена на најсовремени методи, техники и опрема. Соработуваме
со специјалисти од сите области на стоматолошката дејност и имаме склучен договор со ФЗОМ.
Нашата крајна цел е здраво забало и прекрасна насмевка на секој наш пациент, достигнато со навремена превенција или терапија со најсовремени светски
методи и технологија.
Начини на плаќање:
Готовина, Visa, Visa Electron, Maser Card и Maestro картички.