Услуги

Вршиме периодични превентивни прегледи на нашите пациенти, при што ги советуваме за правилно одржување на оралната хигиена како основен услов за здраво забало. Исто така вршиме отстранување тврди и меки наслаги на забите со ултразвучен апарат и апарат за пескарење на забите.

Вршиме пломбирање на забите и замена на стари пломби со сите постоечки материјали, зависно од индикацијата и желбата на пациентот. Обработувањето на забот се врши особено внимателно и е речиси безболно, а по желба на пациентот се извршува со анестезија. Ги користиме најдобрите материјали од секоја категорија, од најреномираните светски производители на стоматолошки материјали.

Вршиме лекување на коренските канали со цел забот да остане во усната празнина, т.е. да не се извади. Лекувањето и обработката е по најсовремените светски протоколи, а се користи EDS систем за машинска обработка на коренските канали.

Белење заби, внатрешно белење потемнети заби, менување форма и големина на заби, изработка на заштитни калапи за бруксизам - чкрипење со заби.

Превентивни дејности како флуоризација на забите, чистење меки наслаги и залевање фисури. Даваме совети за орална хигиена и правилна исхрана на децата. Вршиме пломбирање и лечење на млечни и млади трајни заби со особено пријателски пристап кон децата, заснован на меѓусебна љубов и доверба.

Вадење заби кај деца и возрасни. Вадењето е потполно безболно со примена на анестезија. По вадењето следи постекстракциона обработка на раната. Исто така, се добиваат и совети за режим на исхрана и третман на раната.

Чистење забен камен и обработка на пародонтални џебови, лекување гингивити, стоматити, глосити и други заболувања на меките ткива во устата. Со помош на овие третмани се постигнува состојба на здрави непца кои не крварат и здив кој нема непријатен мирис.

Изработка на високо естетски протетски помагала кои ги надоместуваат изгубените заби. Изработуваме акрилатни и визил протези, како и мостови и коронки од порцелан. Изработуваме и надоградби на скршени заби, со цел да се искористи коренот на забот, доколку тој е во добра состојба.

Располгаме со рентген апарат со кој се врши брзо сликање на забите со цел побрзо и полесно поставување на дијагноза. Рентген апаратот е модерен и безбеден, со многу ниско ниво на зрачење.