Вработени

др. Наташа Тозија

Д-р Наташа Тозија дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1983 год. Во 1986 год. се вработи во „Здравствен Дом“ - Скопје како општ стоматолог во диспанзерот за трудова медицина при ФАС „11 Октомври“. Извршува стоматолошки услуги од областа на реставративна стоматологија, пародонтологија, орална хирургија и протетика за вработените и нивните семејства. Од 1996 год. работи во ординацијата за деца и младинци при СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ при што е одговорна за превентивните програми одредени од МЗ, а исто така обавува и куративна дејност.

Во 2005 год. ја основа ординацијата по општа стоматологија ПЗУ „11 Октомври“ во истоимениот објект на „Здравствен Дом“ - Скопје. Во текот на долгата и плодна кариера, д-р Тозија покажува постојан стремеж за професионално усовршување и надградување. Учествува на многубројни домашни и интернационални конгреси, симпозиуми и семинари каде изложува свои трудови.

Во 2004 год. посетува едукација организирана од МЗ на РМ и е номинирана за национален едукатор. Престојува на катедрата за ендодонција при Универзитетот во Осло, Норвешка, каде ги збогатува и усовршува своите знаења од областа на ендодонцијата. Организира ендодонтски семинар со водечки едукатор од Норвешка кој е оценет како еден од најуспешните кај нас.

Зборува течно англиски јазик.

Д-р Ана Генчовска – Доленц

Д-р Ана Генчовска – Доленц е родена во Скопје. Дипломира во 2003 год. на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Благодарение на нејзините работни ангажмани кај кај еминентни доктори, д-р Генчовска-Доленц има стекнато богато искуство во нејзината 15-годишна кариера на полето на стоматологијата. Работи протетика, фиксна (мостови, коронки и слично), како и мобилна протетика, класични и визил-протези, потоа екстракција на заби, пломбирање со најнов вид на композити, фронтална естетика, но исто така има и искуство на полето на пародонтологијата и успешно лекување пародонтална болест.

Прекрасна е и љубезна со деца и има богато искуство и на полето на детската стоматологија.

Зборува течно англиски.

Сестра Стефанија Ѓорѓијоска

Сестрата Стефанија Ѓорѓијоска е родена во Штип во 1988 година. Таа го завршува средното образование во 2007 год. и оттогаш има работено во повеќе приватни ординации, кои се занимаваат со дејности на полето на стоматологијата, како и општата медицинска пракса.

Сестра Садија Јашаревска

Сестрата Садија Јашаревска е дипломиран забен техничар,која ја започнува својата работна кариера како стоматолошка сестра во Здравствен дом - Скопје. После донесување на законот за приватизацијата на стоматолошката дејност во Р. Македонија, продолжува да работи во истата ординација за општа стоматологија во населба Ченто. Во ПЗУ "11 Октомври" се вработува во 2013 год. Вредна, љубезна, искусна, коопеативна и од голема помош при секојдневните активности во ординацијата.